вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Бројката постојано се зголемува: 95 мртви, над 150 повредени- Ајфеловата кула во мрак поради жртвите

Бројката постојано се зголемува: 95 мртви, над 150 повредени- Ајфеловата кула во мрак поради жртвите

Осветлувањето на Ајфеловата кула во Париз од полноќ ќе биде исклучено во знак на оддавање почит на жртвите во денешниот напад во Кабул.

Во денешниот бомбашки напад во Кабул, постојано се зголемува бројот на загинати и повредени. Според последните податоци загинати се најмалку 95 луѓе, а повредени над 150, објави Си-ен-ен.

„Инцидентот се случил кога бомбаш-самоубиец возејќи комбе на брзата помош, го активирал експлозивот во моментот кога поминувал крај контролниот полициски пункт“, изјавил за Си-ен-ен портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими.

Во близина на експлозијата се наоѓаат и странски амбасади и зградата на владата.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, кои пред само една недела во напад на хотел убија најмалку 20 луѓе, меѓу кои 14 беа странци.