среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Бројка кој никој не би ја очекувал ниту на сон- еве колку луѓе во светот се заразени со коронавирус

Бројка кој никој не би ја очекувал ниту на сон- еве колку луѓе во светот се заразени со коронавирус

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот моментно е 45.954.499, регистрирани се досега 1.194.485 смртни случаи и има 33.275.706 оздравени.

Русија

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани повеќе од 18.000 нови случаи на заразени што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Русија е 1.599.976. Вкупно починале 27.656 лица. Според проценката на Александар Горелов, заменик директор на рускиот Истражувачки центар за епидемиологија, бројот на пациенти со коронавирус во Русија ќе го достигне својот пик во првата половина на ноември. Според проценката на тој експерт, на врвот на епидемијата, дневниот број на нови инфекции ќе биде околу 20.000, но степенот до кој ќе се почитуваат пропишаните мерки за превенција во голема мера ќе влијае на бројот на нови инфекции.

Украина

Украина пријави 8.752 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Вкупно, повеќе од 387.000 луѓе биле заразени, објави Советот за национална безбедност. Од последниот пресек, 155 лица починаа во Украина како резултат на инфекција со вирусот. Вкупно починале 7.198 пациенти. Во државата се регистрирани повеќе од 220.000 активни случаи.

Бразил

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 22.282 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а починале 508 лица, соопшти Министерството за здравство на таа земја. Досега во таа држава биле заразени 5,5 милиони луѓе. Речиси 160.000 Бразилци ги загубија своите животи од Ковид-19.

Германија

Германија регистрира рекордни 18.681 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за контрола на болести Роберт Кох, додека државата се подготвува за нови анти-епидемиски мерки следната недела, јави ДПА.  Вчерашните бројки се трипати повисоки од нивоата регистрирани за време на првиот пик на инфекцијата кон крајот на март и почетокот на април, иако од тогаш обемот на тестови значително се зголеми. Вкупниот број на потврдени случаи во Германија е 499.694. Бројот на смртни случаи е 10.349, што е зголемување за 77 од четвртокот.

Велика Британија
Британскиот премиер Борис Џонсон разгледува опции за воведување нови мерки за карантин на национално ниво од следната недела. Главната причина за тоа е загриженоста поради преоптовареноста на болниците поради големиот скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19, објави Тајмс.

САД

САД вчера поставија нов црн рекорд по бројот на нови случаи на коронавирус за еден ден – 100.233, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Тоа е исто така светски рекорд по бројот на пациенти за еден ден, надминувајќи го бројот на 97.894 нови случаи, регистрирани во Индија на 17 септември. Бројот на пациенти во последните два дена, 100.233 и 91.000, покажува дека во САД повеќе од една личност се разболува секоја секунда.

Постигнувањето на колективен имунитет во САД би значело „толку страдање и смрт во земјата што би било неприфатливо“, рече главниот американски инфектолог Антонио Фаучи. „Имаме само 10 проценти или малку повеќе од населението веќе заразено и имаме 225.000 мртви. Ако сакате да добиете имунитет за 75 проценти од населението, само помножете го тоа и видете колку ќе бидат мртви ако колективен имунитет се стекне со природна инфекција”, рече Фаучи. Како што објасни, сега е потребна комбинација на заштита предизвикана од вакцината и заштита на оние кои за жал веќе биле заразени.  „Затоа вакцината е толку важна за многу побезбеден пат до колективен имунитет“, рече Фаучи, пренесува Си-Ен-Ен. Тој исто така ја истакна важноста за еднаква дистрибуција на вакцината.

Коронавирус