сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 6
home Вести

Брод со над 160 мигранти се преврти близу Јемен

Брод со над 160 мигранти се преврти близу Јемен

Брод што превезувал над 160 африкански имигранти се превртил во близина на брегот на јужната јеменска провинција Шабва, соопштија претставници на безбедносните сили на Јемен.

Според истите извори, кои побарале анонимност, бродот испловил од сомалиското приостаниште Босасо и на него имало околу 100 Сомалијаци и 60-тина Етиопијци, вклучително и жени и деца.

Засега нема информации за судбината на мигрантите од превртениот брод.

Иако Јемен последниве години е зафатен со граѓанска војна, во земјата често илегално пристигнуваат мигранти од Африка, кои потоа се упатуваат кон побогатите земји во Персискиот Залив.

Коронавирус