четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Брнз: Благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници, тие се вистински херои

Брнз: Благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници, тие се вистински херои

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на нејзиниот официјален фејсбук профил изрази благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалното население вклучени во гасењето на пожарите кои зафатија делови од земјава со порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од власта.

-Тажни од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите, пишува на фејсбук амбасадорката Брнз.

Коронавирус