четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Британското Министерство за одбрана: Русија вложува значителен напор во источниот пробив

Британското Министерство за одбрана: Русија вложува значителен напор во источниот пробив

Русија вложува „значителен напор“ околу градовите Изиум и Северодонецк, во обид да се пробие кон источните Словјанск и Краматорск региони на Украина, се наведува во извештајот на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Според Министерството, украинските сили ги спречиле руските да преминат река во Донбас.

– Такви преминувања на реки во спорна средина беа „високо ризичен маневар“ што „говори за притисокот под кој се наоѓаат руските команданти“ да постигнат напредок во источна Украина, се истакнува во извештајот.

Исто така се посочува и дека Русија не успеала да направи значителен напредок и покрај преместените војници во областа. (MИА)

Коронавирус