вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Британско МНР: Иранските ракетни напади се непромислени и опасни

Британско МНР: Иранските ракетни напади се непромислени и опасни

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го осуди денеска иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак, кои ги користат американските војници и нивните сојузници, повикувајќи го Техеран да се воздржи од натамошни воени акции.

– Го повикуваме Иран да не ги повтори овие непромислени и опасни напади и да се посвети на итна деескалација, порача Раб.

Тој нагласи дека евентуална војна во регионот ќе им биде од корист на Исламска држава и другите терористички групи.

Министерството за одбрана во Лондон претходно соопшти дека во нападите нема повредени британски војници.

Коронавирус