понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 12
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Британските лекарите вршат притисок врз постарите граѓани да се откажат од правото на реанимација

Британските лекарите вршат притисок врз постарите граѓани да се откажат од правото на реанимација

Добротворните организации во Британија ги осудија извештаите дека лекарите вршат притисок врз постарите граѓани да потпишат формулар со кој се откажуваат од реанимација, пренесува „Брејтбарт“.

„Ејџ Ју-кеј“,„Индепендент ејџ“ и други добротворни организации и регионални организации ги осудија извештаите за шокантни примери на постари, ранливи и критично болни луѓе кои се чувствувале под притисок да потпишат формулар со кој се откажуваат од реанимација.

Писмото потпишано во понеделникот вели: „Покрај ова, многу од засегнатите луѓе почувствувале страв и вознемиреност и сметаат дека нивните животи и желби не се важни. Ова е срамно и неприфатливо. Само пациентот има право да одлучи дали сака да потпише формулар со кој се откажува од реанимација и има право да ја донесе таа одлука без притисок.“

Тие додаваат: „Не ги потценуваме значителните притисоци со кои се соочуваат сите вработени во нашите сектори за здравствена и социјална заштита во ова тешко време, но клучно е да продолжиме да ги заштитуваме основните човекови права на луѓето. Сосем неприфатливо е да се напуштат овие права во корист на носење сеопфатни, дискриминаторски решенија “.

Интервенцијата уследи откако минатата недела Би-би-си објави дека домовите за нега на стари лица во Брајтон и во Хов, Јужна Англија, изразиле загриженост дека општите лекари вршат притисок врз нивните пациенти формулар со кој се откажуваат од реанимација.

Радиодифузерот видел документи испратени од Групацијата на клинички комисии на НХС до општите лекари од областа, во кои им се кажува дека повозрасните лица не можат да бидат примени во болница со коронавирус и дека треба да проверат дали домовите за нега ги имаат потребните формулари за откажување од реанимација.

Документите содржеле дури и скрипта што лекарите треба да ја користат со пациентите и нивните семејства. Во дел од неа се вели: „Изнемоштени стари лица не реагираат на интензивното лекување потребно за компликации на белите дробови предизвикани од коронавирусот и ризикуваме нивниот прием во болница да биде засилување на нивните болка и страдање“.

„Затоа, нашата препорака е дека во случај на инфекција со коронавирус, нивниот прием во болница е непожелен“, се додава во текстот.

Еден менаџер за нега во домашни услови изјави еден општ лекар му кажал дека никој од луѓето за кои се грижи што е постар од 75 години нема да биде примен во болница.

Минатата недела имаше извештаи и дека хируршакат клиника ГП во Велс била принудена да се извини откако им испратила на ранливите пациенти, како што се оние кои страдаат од неизлечиви услови, писма што нудат пополнување на формуларот за осткажување од реанимација во случај нивната состојба да се влоши како резултат на коронавирусот.

Во писмото се тврди дека има неколку придобивки од откажувањето од нивното право на медицинска интервенција, вклучително и тоа дека амбулантните возила ќе се фокусираат на справување со младите и тие во подобра здравствена состојба кои имаат поголема шанса за преживување.

Писмото, исто така, ги охрабрува пациентите да размислат за заканата што ја претставуваат за пренесување на вирусот на медицински лица или членови на семејството, ако одбијат да се откажат од реанимацијата.

Еден пациент на хируршката клиника „Линфи“, изјави за писмото што го добил: „Тоа не ме вознемири само мене, туку и моето семејство и блиските пријатели. Беше како да ми испратиле налог за смрт од Косачот на смртта. Се почувствував безвредно. Живеам со карцином веќе осум години и сакам да живеам уште неколку години. Сè уште не си го копам гробот “.

Коронавирус