понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 50
home Вести

Британските конзервативци својот годишен конгрес ќе го оддржат во виртуелна форма

Британските конзервативци својот годишен конгрес ќе го оддржат во виртуелна форма

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им се приклучи на другите партии во земјата со одлуката годишниот партиски конгрес да го оддржат виртуелно, поради пандемијата на коронавирусот.

По лабурустите и либералните демократи, денеска и конзервативците одлучија конгресот во октомври да им биде организиран во виртуелна форма.

Копретседателите на владеачката партија, Аманда Милинг и Бен Елиот, испратија писмо до членовите на партијата во кое изразија надеж дека барем некои од настаните на конгресот, закажан во Бирмингем, сепак, ќе се одржат со физичко присуство, доколку тоа го дозволат санитарните услови.

Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи од коронавирусот во Европа. Во земјата, каде што умреа повеќе од 44.000 лица, веќе се олеснети карантинските мерки што беа воведени на 20 март, откако во саботата беа отворени пабовите, рестораните, хотелите и кината. (МИА)

Коронавирус