четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Британскиот премиер стана татко: Ќе оди ли Џонсон на породилно?

Британскиот премиер стана татко: Ќе оди ли Џонсон на породилно?

Вереницата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симонс се породи утрината и на свет донесе машко дете.

Мајката и бебето се добро, изјави портпаролот на парот, додавајќи дека тие се пресреќни што станале родители.

-Премиерот сака во оваа прилика да им се заблагодари на сите вработени во здравствениот систем, порача портпаролот.

Двајцата во март најавија дека очекуваат принова. Веста доаѓа само неколку дена откако Џонсон се опорави од коронавирусот. Исто така, и неговата вереница беше заразена со овој вирус.

Џонсон претходно најави дека би можел да земе породилно отсуство за татковци.

ЕУРО 2020

Македонија