понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Британски воен брод го спасил терористот Абеди три години пред да се разнесе во Манчестер

Британски воен брод го спасил терористот Абеди три години пред да се разнесе во Манчестер

Британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува дека исламистот Салман Абеди, кој пред една година уби 22 лица, кога се разнесе при концерт на Аријана Гранде во Манчестер, во 2014 година бил спасен во Либија од страна на британската воена морнарица.

Според весникот, Абеди и неговиот брат Хашем биле во Либија кога британската воена морнарица го испратила бродот Ентерпрајз да евакуира стотина британски државјани од завојуваната држава. Двајцата браќа биле безбедно пренесени до Малта, од каде се вратиле во Велика Британија и почнале да го подготвуваат терористичкиот напад во кој половина од жртвите беа деца.

Двајцата браќа Абеди имаат британско државјанство, како деца на либиски доселеник во Велика Британија. Нивните родители Рамадан и Самија се вратиле во Либија во пресрет на граѓанската војна во 2011 година.

Британската полиција смета дека двајцата браќа се радикализирале преку исламистичка пропаганда достапна на интернет. Се уште не е со сигурност утврдено дали во 2014 година тие биле во Либија со цел да се борат во некоја од исламистичките единици или само ги посетувале своите родители, но утврдено е дека британската полиција го испитувала постариот брат Абеди неколку месеци пред да воената морнарица да го спаси од Либија.

Коронавирус