петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 12
home Вести

Британски турист отишил да плива и никогаш не се вратил: Неговата рака најдена во утробата на ајкула

Британски турист отишил да плива и никогаш не се вратил: Неговата рака најдена во утробата на ајкула

Се верува дека еден британски турист кој исчезнал за време на викендот, бил изеден од страна на ајкула откако ја пронашле неговата рака во нејзината утроба.

44-годишниот Шкот исчезнал за време на одморот на францускиот остров Реунион кој се наоѓа источно од Мадагаскар. Тој заедно со сопругата отишол на викенд, а во саботата тргнал сам на пливање во блиската лагуна и исчезнал.

Кога не се вратил, неговата сопруга побарала помош и започнала истрага која вклучувала бродови, нуркачи, кучиња трагачи на копното и хилихоптери, пренесува Дејли Меил. За жал, не успеале да го пронајдат.

Оваа недела била убиена ајкула која е видена како плива во близина на туристичката плажа, бидејќи ја сметале за опасност спрема луѓето кои биле таму на одмор. Направени биле обдукции на ајкулата и уште 4 други риби, а пронајдена е отсечена рака на која бил и венчалниот прстен на британскиот турист.