недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Британски научник: Ако сакате запирање на ограничувањата, тогаш вакцина

Британски научник: Ако сакате запирање на ограничувањата, тогаш вакцина

Луѓето треба да ја примат вакцината против Ковид-19 ако сакаат да стават крај на физичкото дистанцирање, изјави професорот Џнатан Ван-Там, британски заменик министер за здравство.

На прес-конференција во Даунинг стрит тој рече дека, иако на луѓето им е „преку глава“ од мерките против коронавирусот, мал одзив на вакцинацијата речиси сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, пренесува Скајњуз.

За време на брифингот, професорот Ван-Там, исто така, рече дека по објавата за одобрување на вакцината, тој бил должен да ги ублажи очекувањата дека пандемијата може да заврши наскоро.

– Не мислам дека владата и натаму ќе мора да препорачува физичко дистанцирање, маски и средства за дезинфекција на рацете. Се надевам дека ќе се вратиме во многу понормален свет, рече тој, но исто така рече дека условот е луѓето да прифатат вакцинација.

– Никој не сака „заклучување“ и штетата што ја предизвикува. Но, ако сакате тој сон да се оствари што е можно побрзо, тогаш мора да ја примите вакцината кога ќе ви биде понудена. Помал одзив сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, рече Ван-Там.

Тој, сепак, повика на дополнителна претпазливост во смисла дека луѓето треба да продолжат да бидат трпеливи и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање се додека не се препорача поинаку.

Ван-Там, исто така, рече дека верува дека вирусот ќе биде „засекогаш со човештвото“ и дека тој никогаш нема да се искорени, но ќе биде сезонска болест како грипот, а не како сеопфатна пандемија.

Коронавирус