вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Британски научници тврдат дека новиот вид на коронавирусот го има речиси секаде во Европа

Британски научници тврдат дека новиот вид на коронавирусот го има речиси секаде во Европа

Новиот тип на Ковид-19, потврден во Велика Британија, веќе е скоро сигурно присутен во повеќето европски земји, тврдат британски научници.

Ова го потврди Нил Фергусон од „Империјал колеџ“ во Лондон, во неговото обраќање пред Комитетот за наука и технологија на Долниот дом на британскиот Парламент, заедно со други експерти од Советодавната група за нови респираторни вирусни закани (NERVTAG), кој ја советува Владата.

За овој вид, кој веќе е потврден во други земји, како што е Данска, Фергусон рече: „Јас сум речиси сигурен дека овој вирус е присутен во повеќето, ако не и во сите, европски земји во овој момент“.

Професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд рече дека е фер да се каже дека земјите со поразвиена и поригорозна наука се потранспарентни со важни информации што ги ставаат на располагање на другите.

Велика Британија истражуваше 45 отсто од сите генетски кодови на коронавирусот во светот и сè уште не е сигурно дали новиот вид потекнува од југоистокот на Англија или само за првпат бил откриен таму. (МИА)

Коронавирус