сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 100
home Вести

Британски генетичар: Корона вирусот мутира, но засега не станува поопасен

Британски генетичар: Корона вирусот мутира, но засега не станува поопасен

Група британски научници кои ги истражувале тврдењата дека вирусот Ковид-19 меѓу луѓето се појавил кон крајот на минатата година откриле дека неговата ДНК претрпува одредени мутации, пренесува Си-Ен-Ен.

Франсоа Балу, од Институтот за генетика, при Универзитетскиот колеџ во Лондон, открил дека сознанијата до кои дошле покажуваат знаци за мутации кај вирусот, но оти тоа не го направило повирулентен, ниту пак посмртоносен за луѓето.

Истражувањата на неговиот тим се објавени во научното списание „Инфекции, генетика и еволуција“, а меѓудругото во нив се наведува дека вирусот не бил раширен низ светот пред декември минатата година.

Многу различни студии покажаа дека коронавирусот, честопати од научниците наречен САРС-КоВ-2, потекнува од лилјак, но оти нема забележани заразени други животни пред да премине кај луѓето.

Првите случаи меѓу луѓето беа пријавени во Вухан, Кина, минатиот декември.

Коронавирус