недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Британски епидемиолог открива нов симптом на коронавирусот ФОТО

Британски епидемиолог открива нов симптом на коронавирусот ФОТО

Познат британски епидемиолог, научник и автор на неколку стручни книги, предупредува на нов симптом на коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата, списокот на симптоми се промени и прошири. Сега се појави уште еден, за кој предупреди познатиот епидемиолог Тим ​​Спектор од Кралскиот универзитет во Лондон. Тој напиша предупредување на Твитер и објави фотографија од новиот симптом, а станува збор за промени во јазикот.

– Едно од пет лица заразени со ковид-19 сè уште имаат помалку симптоми кои не се на официјалниот список на англискиот здравствен систем. Постои сè поголем број на заразени кои имаат „ковид јазик“, чиреви во устата. Ако имате необични симптоми или само главоболка, замор, останете дома – вели тој.

Д-р Габриел Скали потврди дека такви симптоми се забележани во британските болници веќе некое време.

– Тоа е многу проблематичен вирус за лекување, бидејќи е придружен со разни симптоми и промени во телото – вели д-р Скали.

Медицинското име за акутен оток на јазикот што се јавува како дел од синдромот е глоситис, т.е воспаление и задебелување на јазикот. Може да вклучува и промена на бојата, така што глоситисот е познат и како „јаготка “.

Промени во јазикот, болка, промена на бојата, оток или необична текстура, понекогаш се резултат на основната болест, но исто така може да се појави и поради лошата хигиена на устата, лошата исхрана, пушењето. Исто така, чирот во устата не мора да биде предизвикан од ковид, често се јавува поради стрес, конзумирање топла храна или пијалоци, одредени лекови, хормонални промени.

Сепак, за време на пандемијата на ковид-19, по овие промени, најдобро е веднаш да се оди на преглед.

Коронавирус