петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 208
home Вести

Британски експерт тврди дека животот ќе се нормализира до пролет

Британски експерт тврди дека животот ќе се нормализира до пролет

По објавата на Фајзер за новата вакцина, сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот антикорона кризен штаб, изрази верување дека „животот треба да се нормализира до пролет следната година“.

Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија, туку и во многу други земји, нагласува Би-Би-Си.

Тој изрази ентузијазам по објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но оти тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за Би-Би-Си на Радио 4, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има „повеќе од една вакцина“ во Велика Британија. (МИА)

Коронавирус