сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Британската Влада разгледува промена на начинот на финансирање на Би-Би-Си

Британската Влада разгледува промена на начинот на финансирање на Би-Би-Си

Владата на Велика Британија размислува за промена во начинот на финансирање на јавниот сервис Би-Би-Си, со што значително ќе се намали финансирањето на таа телевизија.

Конзервативната Влада на Борис Џонсон, која се повеќе не се согласува со медиумите во земјата, соопшти дека ќе одржи „јавни консултации“ за можноста да се стави крај на казнени дела доколку граѓаните не плаќаат годишна такса за финансирање на јавниот сервис.

Би-Би-Си добива најголем дел од парите од надоместокот што го плаќа секое домаќинство кое има ТВ. Надоместокот е 154,5 фунти (182 евра) годишно.

Избегнувањето на плаќање може да резултира во парична казна или, во ретки случаи, затворска казна.

Повеќе од 121.000 лица беа осудени и казнети во 2018 година за неплаќање надоместок, од кои петмина завршија в затвор поради тоа што не платиле казна.

Коронавирус