петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 172
home Вести

Британската влада двојно го зголеми бројот на војници во Авганистан

Британската влада двојно го зголеми бројот на војници во Авганистан

Британската влада планира да го удвои бројот на своите војници во Авганистан, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара засилување, со цел да се помогне  во борбата со лошата безбедносна ситуација во таа земја.

Британската премиерка Тереза Меј најави дека владата ќе испрати дополнителни 440 војници, што значи дека Британија ќе има вкупно 1100  војници во таа земја, кои им помагаат на авганистанските колеги во борбата против ИД.

Дополнителните 440 војници ќе учествуваат во мисија- обука која ја предводи НАТО, под името „Одлучна поддршка“, за да ги обучат авганистанските војници и да им помогнат.

Нивата база ќе биде во Кабул и тие нема да имаат „борбена улога“. Британските војници ги прекинаа борбените операции во 2014 година.

МИА

Коронавирус