недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Британската полиција открила 39 тела во камион од Бугарија

Британската полиција открила 39 тела во камион од Бугарија

Британската полиција открила 39 тела во камион што дошол од Бугарија. Полицијата денеска соопшти дека го уапсиле 25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, под сомнение за убиство. Телата на 38 возрасни луѓе и на една тинејџерка се пронајдени во индустриска зона во близина на Лондон.

Началникот на полицијата, Ендрју Маринер, изјави дека истрагата е во тек за да се утврди што се случило.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубија животот“, рече тој.

Началникот изјави дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во сабота на 19 октомври.

 

Коронавирус