четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Британската морнарица ќе ги штити своите бродови во Ормускиот теснец

Британската морнарица ќе ги штити своите бродови во Ормускиот теснец

Британската морнарица ќе испрати заштита за бродовите што пловат под знамето на Велика Британија преку Ормускиот теснец по убиството на иранскиот воен командант Касим Сулејмани.

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави дека наредил бродовите HMS Montrose и HMS Defender да се подготват за задачата, што вклучува набљудување на сите бродови што пловат под британско знаме.

– Владата ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги заштити нашите бродови и граѓани, рече британскиот министер за одбрана.