петок, 5. март 2021. Вести денес: 155
home Вести

Британската кралица бара експерт за Инстаграм, плата околу 30 илјади евра

Британската кралица бара експерт за Инстаграм, плата околу 30 илјади евра

Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството.

Во огласот се наведува дека кандидатот ќе управува со налозите на Бакингемската палата на социјалните мрежи и потребно е да се има „талент за креативност“ и „око за дизајн“, пренесува лондонски „Сан“.

-Нема да имате два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во вашата кариера и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција, се наведува во огласот.

Конкурсот е отворен до 7 февруари.

Коронавирус