сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 33
home Вести

Британска тинејџерка пет часа протестираше на Арктикот

Британска тинејџерка пет часа протестираше на Арктикот

Млади активисти предводени од Швеѓанката Грета Тунберг протестираат низ цел свет. А, денес, тоа се случува и во време на корона-пандемијата, со цел запирање на климатските промени и ублажување на нејзините влијанија.

Пожари на западниот брег на САД, огромни поплави во Кина и топлотни бранови на сибирскиот арктик, се некои од природните катастрофи што периодов го погодија светот. Затоплувањето на Арктикот придонесе за драстично топење на мразот што го покрива Северниот Океан.

Ова е второ рекордно намалување на мразот во последните 40 години. Сателитски снимки од 15 септември покажуваат дека мразот зафаќа 3,74 милиони квадратни километри морска површина, што е втор пат во последните 42 години таа бројка да падне под четири милиони квадратни километри.

Поради ова, 18-годишната Британка Мија-Роуз Крег минатата недела протестираше во Арктичкиот круг, најсеверниот дел на Земјината хемисфера. Таа пристигна на работ на глечер со еколошка група на Гринпис и со бродот „Арктички изгрев“ (Arctic Sunrise).

– Сакав со свои очи да видам на што сме изложени, оти клучниот заштитник на нашата планета – Арктичкиот Океан се топи неверојатно брзо, рече тинејџерката.

Таа мина пет часа на мразот, држејќи натпис „Штрајк на младите за климата“. (MИА)

Коронавирус