сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 5
home Вести

Британија во хаос: Повторно отфрлени сите предлози за Брегзит- ЕУ губи трпение

Британија во хаос: Повторно отфрлени сите предлози за Брегзит- ЕУ губи трпение

Британскиот парламент повторно гласаше за можна опција за Брегзит. Повторно ниту една алтернативна можност не е изгласана.

Британскиот парламент гласаше за четири алтернативни предлози за истапување од земјата од членството на ЕУ, јавува АП агенција.

Наместо вообичаеното гласање со кревање рака или станување, пратениците добија ливче хартија на која требаше да заокружат едно од можните опции.

Два од предлозите се однесуваа на продолжување на економските врски со ЕУ после Брегзит.

Еден се однесува на единствена царинска унија и останување на пазарот за стока и услуги, по моделот на Норвешка.

Третиот предлог е организирање референдум на кој граѓаните треба да гласаат и да се изјаснат за спогодбата која ја постигнаа Лондон и Брисел во ноември, а парламентот три пати го отфрли.

И четвртиот предлог се однесува на случајот на недостаток на билокаков договор за Брегзит, два дена пред негово стапување на сила, пратениците да гласаат за Брегзит без договор.

Претседателот на Европската комисија, Јункер денеска рече дека време е британскиот парламент да каже што сака од „брегзит“.

Коронавирус