понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Британија привремено нема да објавува дневни извештаи за починатите од корнавирус

Британија привремено нема да објавува дневни извештаи за починатите од корнавирус

Британската влада во саботата соопшти дека привремено се прекинува секојдневното известување за бројот на починатите од новиот коронвирус, откако донела одлука да се преиспита методологијата со којашто се добиваат ваквите податоци, семтајќи дека е можно да се преувеличувало со бројот на смртните исходи.

Британските академици трвдат дека начиног на кој владината служба задолжена за управување со епидемиите од заразни болеси – Јавно здравство на Англија (PHE), ги утврдува бројките поврзани со коронавирусот ја искривува вистинската состојба во однос на другите делови од Обединетото Кралство.

„Во моментов во бројот на починатите се пресметуваат сите коишто биле позитивни на коронавирусот и во меѓувреме починале (…), а не се наведува колку време минало од тестирањето до смртта“, изјави министерот за здравство Мет Хенкок, појаснувајќи дека во таа бројка влегле сите починати иако од позитивниот тест на коронавирсот до смртта изминале месеци.

Другите делови од Обединетото Кралство во оваа статистика ги вбројуваат само оние коишто починале во период од 28 дена откако е утврдено дека биле позитивни на новиот коронавирус.

Британија е една од најпогодените земји во Европа со епидемијата од Covid-19, со 45.119 смртни исходи, а според бројот на мртви на милион жители го зазема второто место во светот, зад Белгија.

Британската влада повеќепати во минатото предупредуваше дека земјите ги бројат починатите од короанвирусот на различни начини.

Академиците појаснуваат дека според сегашната методологија пациентите позитивни на коронавирусот, но оздравеле од болеста, и натаму се бележат во починатите од короанвирусто „дури и кога со месеци по споменатата дијагноза имале срцев удар или ги прегазил автобус“.

Коронавирус