вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 159
home Вести

Британија подготвена сама да воведе санкции за човекови права

Британија подготвена сама да воведе санкции за човекови права

Велика Британија, најверојатно во текот на денот, за првпат самостојно ќе воведе санкции за десетина лица кои се обвинети за кршење на човековите права во светот, пишува Би-Би-Си.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб ќе започне нов режим на санкции што ќе стапи на сила по Брегзит, со именување криминалци чии средства ќе бидат замрзнати.

Во минатото, Велика Британија секогаш воведуваше санкции колективно како дел од дејствувањето на ОН и Европската унија.

Сепак, по Брегзит, Велика Британија може да дејствува самостојно.

Раб, исто така, ќе претстави предлог-закон потребен за самостојно наметнување санкции.

Санкциите ќе бидат изречени на лица или организации обвинети за злоупотреба на човековите права ширум светот, како и на оние кои профитираат од тоа.

Се очекува Раб да наведе десетина лица чиј имот е замрзнат во Велика Британија, а на тие лица ќе им биде забранет влез во земјата.

На списокот се очекува да бидат државјани на Русија, Саудиска Арабија и Северна Кореја. (МИА) 

Коронавирус