Велика Британија и Европската унија оваа недела ќе започнат разговори за финансиски прашања, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.
– Целта е да се постигне договор до март. Разговорите започнуваат оваа недела на официјално ниво, додаде портпаролот Џејми Дејвис.
Дејвис додаде дека Велика Британија сака да ја одржи финансиската стабилност, стабилноста на пазарот и да ги заштити инвеститорите и потрошувачите.
– Баравме поширок договор за финансии за време на преговорите за Брегзит и Министерството за економија ќе продолжи да работи на овие теми оваа недела, додаде Дејвис.