сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Британија обезбеди 60 милиони дози вакцина против коронавирус од Санофи и ГСК

Британија обезбеди 60 милиони дози вакцина против коронавирус од Санофи и ГСК

Велика Британија потпиша договор за набавка на 60 милиони дози на можна вакцина за Ковид-19 која ја развиваат Санофи и ГлаксоСмитКлајн и тоа е четврт ваков аранжман од страна на британската Влада.

Досега не е одобрена вакцина за Ковид-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, од кој досега починаа повеќе од 659.000 луѓе.

Финансиските точки од договорот не се објавени, Санови и ГСК велат дека во случај клиничките резултати да бидат позитивни, очекуваат одобрување од регулаторното тело за нивната вакцина во првата половина од 2021 година.

Ова е прв договор на Санофи и ГСК за испорака на експериментална вакцина за Ковид-19 во некоја земја.

Британските министри ја потенцираат важноста на време да се обезбедат залихи од повеќе различни кандидати за ефективна вакцина иако, како што велат, „нема гаранции“.

Велика Британија минатата недела обезбеди 30 милиони дози на експерименталната вакцина од БиоНТех/Фајзер и во принцип постигна договор за 60 милиони дози на вакцината Валнева, со можност за набавка на дополнителни 40 милиони дози, доколку вакцините се покажат безбедни, ефективни и соодветни. (MИА)

Коронавирус