понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Британија најавува ледена снежна бура „Дарси“

Британија најавува ледена снежна бура „Дарси“

Британските метеоролози најавија пристигнување на ледена снежна бура „Дарси“, која викендов ќе го погоди југоистокот на Англија со снег и до 30 сантиметри и леден воздушен бран од Русија.

Во некои делови од северот на Шкотска се очекува сообраќаен хаос и температури до -10 степени Целзиусови, пренесува лондонски „Сан“.

Издадено е жолто метео предупредување за очекувани снежни врнежи низ цела Велика Британија и портокалово метео предупредување за делови од централна Шкотска.

Метеорологот, Сара Кент, изјави дека во некои делови на Кент може да се очекува снежна покривка и до 30 сантиметри.

ЕУРО 2020

Македонија