четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизација за неколку дена

Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизација за неколку дена

Првата вакцина во светот против корона вирус , доби и официјално зелено светло.

Откако Владата на Велика Британија ја прифати препораката на Агенцијата за лекови даде итна дозвола за вакцината на германската компанија Бионтек и на американскиот партнер Фајзер, нарача 40 милиони дози. 20 милиони Британци ќе може да почнат да се вакцинираат веќе од стартот на следната недела, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

„ Апсолутно сум воодушевен од веста и сум многу горд што Велика Британија е првата земја во светот која што има овластена клиничка вакцина, а тоа за луѓето значи дека веќе следната недела ќе може да вакцинираме, ќе започнеме со најранливите категории на коронавирус. Потребни се две дози со разлика од 21 ден и потоа ќе започне заштита на луѓето, бидејќи таа е целосна со двете дози.“вели Мат Хенкок министер за здравство на Велика Британија.

Британската регулаторна агенција за лекови МХРА соопшти дека вакцината, која е ефикасна околу 95 отсто во борбата против Ковид-19, е безбедна за употреба, иако првично се знае дека ефектите можат да траат најмалку една година.

За разлика од Британија, ЕУ сега ја почнува проверката на вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна и мислењето најави дека ќе го даде на состанокот на 29 декември што значи дека одлуката за давање дозвола е најавена најдоцна до почетокот на јануари. Вакцинацијата во Европа би можела да почне по Нова година. ЕУ соопшти и оти веќе нарачала 2 милијарди дози за 27-те земји членки.

Претходно, летово Русија соопшти дека ја регистрирале нивната вакцина Спутник 5, која ја разви Националниот институт Гамалеја, но таа не доби зелено светло од СЗО, бидејќи ги немаше поминато сите три фази од тестирањето.

Сепак, Српската Влада објави дека веќе ги нарачала првите дози кои треба да ги добијат следната недела.

Коронавирус