петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 207
home Вести

Британија ја одобри вакцината на „Модерна“

Британија ја одобри вакцината на „Модерна“

Британската агенција за лекови и здравствена заштита денеска ја одобри вакцината на „Модерна“ против коронавирусот, што е трета вакцина одобрена за употреба во таа земја.

Велика Британија нарача седум милиони дози од таа вакцина, која е одобрена од регулаторите во ЕУ и САД, пренесува Би-Би-Си.

Како што е наведено, вакцината на „Модерна“ е слична верзија на вакцината произведена од „Фајзер“ и „БиоНТек“ и покажа подеднакво добри резултати во последната фаза од клиничките испитувања со ефикасност од 94 проценти. (МИА)

Коронавирус