вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 109
home Вести

Британија ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон

Британија ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон

Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата.

Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека.

Велика Британија ја намали побарувачката за оваа вакцина, која се дава во една доза, поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта.

Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините, а Владата потенцира „досега невидена брзина и обем на имунизација“.

– Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината), изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е одобрена во САД и Европската унија, каде што се забележани ретки случаи на згрутчување на крвта и се вршат анализи. (МИА)

Коронавирус