среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Британија ја обвини Русија за обид да се вмеша во изборите во 2019 година

Британија ја обвини Русија за обид да се вмеша во изборите во 2019 година

Велика Британија ја обвини денеска Русија дека се обидела да се вмеша во парламентарните изборите минатата година, така што незаконски набавила документи поврзани со трговскиот договор со САД и ги објавила на социјалните мрежи.

– Речиси е сигурно дека руски актери се обиделе да се вмешаат во парламентарните избори во 2019 година, незаконски создавајќи копии од чувствителни владини документи и објавувајќи ги преку социјалните медиуми, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Британскиот премиер Борис Џонсон освои огромна победа на минатогодишните избори над лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин, со што Конзервативната партија има најмногу мандати од 1987 година од периодот на поранешната премиерка Маргарет Тачер.

– Иако нема докази за поголема руска кампања насочена против парламентарните избори, секој обид за мешање во нашиот демократски процес целосно е неприфатлив. Владата го задржува правото да одговори соодветно во иднина, нагласи Раб. (МИА)

Коронавирус