четврток, 6. август 2020. Вести денес: 174
home Вести

Британија го исклучува Хуавеј од брзата мобилна мрежа

Британија го исклучува Хуавеј од брзата мобилна мрежа

Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа.

Велика Британија соопшти дека ја воведува забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“.

САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи.

Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г.

Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината.

Владата одлучи да не им нареди на компаниите да одземаат опрема произведена од „Хуавеј“ во претходните системи, како што е 4Г.

Коронавирус