недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 90
home Вести

Британија: 3,5 милиони луѓе примија вакцина, имунизирани повеќе од вкупниот број заболени

Британија: 3,5 милиони луѓе примија вакцина, имунизирани повеќе од вкупниот број заболени

Повеќе од 3,5 милиони лица ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19 во Велика Британија, надминувајќи го бројот на оние кои се позитивни на вирусот, покажуваат податоците на британската влада.

Вкупно 3.559.179 лица ја добиле првата доза од вакцината до петокот, но само 447.261 од нив ја примиле втората доза.

-Во наредните 10 дена започнуваме со вакцинирање 24/7 во некои болници, но во моментов вакцинираме со брзина од околу 140 вакцини во минута, истакна шефот на Националната здравствена служба на Англија, Сајмон Стивенс.

Според неговите зборови, во болниците се врши прием на заразени од коронавирус на секои 30 секунди.

Коронавирус