недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Бразил почнува да го вакцинира населението со кинеската вакцина

Бразил почнува да го вакцинира населението со кинеската вакцина

Откако доби одобрение за итна употреба Бразил вчера ја почна националната програма за имунизација против Ковид-19 со дистрибуција на дози од вакцината на кинескиот производител „Синовак Биотек“, иако и натаму темпото на вакцинација ќе зависи од задоцнетиот увоз, пренесуваат британските медиуми.

Министерството за здравство им даде зелено светло на државите да почнат со имунизација во 17 часот по локално време.

Иако некои почнаа да даваат инјекции од претходно, повеќето од 26-те бразилски држави до синоќа се уште ги немаа добиено пратките со вакцини, што го одлага почетокот на вакцинациите на повозрасните лица и на здравствени работници од прва линија на фронтот.

Пред два дена националната агенција за лекови „Анвиса“ ја одобри итната употреба на вакцините на „Синовак“ и на „АстраЗенека“, иако планот за добивање на два милиони доза од вакцината на „АстраЗенека“ е отежнат поради не добиеното одобрение за извоз од Индија, додаваат британските медиуми.

Коронавирус