вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 30
home Вести

Бразил планира да го запре нелегалното уништување на шумите до 2028 година

Бразил планира да го запре нелегалното уништување на шумите до 2028 година

Бразилската делегација на климатскиот самит COP 26 во Глазгов претстави план за запирање на нелегалното уништување на шумите до 2028 година.

Во презентацијата што следеше по говорот на бразилскиот министер за животна средина Хоаким Леита се наведува дека планот е да се намали нелегалната дефорестација за 15 отсто до 2022 година секоја година до 2024 година, потоа за 40 отсто во текот на 2025 и 2026 година, за 50 отсто во 2027 година, за да целосно да се искорени во 2028 година, јави Си-Ен-Ен.

Планот предвидува и цел за обновување и пошумување на 18 милиони хектари шума за различни намени до 2030 година. Кога станува збор за енергијата, се предвидува зголемување на употребата на биогорива, како што се етанол и обновливи извори на енергија, како и намалување на емисијата на штетни гасови.

Се планира и интензивирање и подобрување на производството на хибридни и електрични возила, имплементација на посебни програми за намалување на штетните гасови во земјоделскиот сектор, инвестиции во нова железничка мрежа и намалување на патниот сообраќај.

Коронавирус