понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Братот на Ким Џонг-ун бил убиен со нервен агенс Ви Екс

Братот на Ким Џонг-ун бил убиен со нервен агенс Ви Екс

САД утврдија дека братот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бил убиен од страна на режимот со нервен агенс Ви Екс (VX), изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науер.

Овој заклучок налага итно воведување нови економски санкции на САД против Северна Кореја, затоа што агенсот Ви Екс е категоризиран како оружје за масовно уништување.

Ким Џонг-нам беше убиен на 13 февруари 2017 година на аеродромот во Куала Лумпур во Малезија. Аеродромските камери покажаа дека до него се доближува една жена и му става нешто врз лицето. Тој почина кусо време потоа, на пат кон болница.

При аутопсијата, на лицето и во очите на Ким Џонг-нам беа откриени траги од Ви Екс.

Науерт истакна дека „Вашингтон на 22 февруари 2018 година утврди дека Владата на Северна Кореја ја употребила таа материја за убиството на Ким Џонг-нам“.

– Ова јавно манифестирање на презир кон универзалните норми против употребата на хемиско оружје е нов доказ за непромисленоста на Северна Кореја и нагласува дека не смееме да си дозволиме да ја толерираме севернокорејската програма за оружје за масовно уништување од каков и да е вид, рече Науерт.

Коронавирус