петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Бран штрајкови во Франција

Бран штрајкови во Франција

Вработените во француската железница денеска почнаа тримесечен штрајк, што ќе се одрази на 4,5 милиони граѓани кои користат возови.

Планирано е штрајкот да трае до 28 јуни, доколку францускиот претседател Емануел Макрон не се откаже од плановите за реформа во државното железничко претпријатие СНЦФ.

За време на штрајкот ќе сообраќа само еден од осумте брзи возови Те-Же-Ве, како и еден од пет регионални возови.

Персоналот на авиокомпанијата „Ер Франс“, комуналните работници и одделни вработени во енергетскиот сектор, исто така, денеска ќе одржат одделни штрајкови.

Раководството на „Ер Франс“ соопшти дека 75 отсто од летовите нема да бидат погодени од петтиот штрајк во изминатиов месец. Штрајкови, кои се организираат поради платите, вработените во „Ер Франс“ закажаа и за 7,10 и 11 април.

Во текот на изминатите недели, во Франција штрајкуваа и пензионерите, студентите и вработените во јавниот сектор, поради реформите кои ги најави Макрон.

Аналитичарите сметаат дека бранот штрајкови е тест за Макрон, но и за синдикатите, кои повикувајќи на штрајк можат да поттикнат уште поголемо незадоволство во општеството.

Коронавирус