сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Божиќен пазар во Стразбур се претвори во трагедија

Божиќен пазар во Стразбур се претвори во трагедија

Едно лице загина, а тројца се повредени кога засега непознат напаѓач отвори оган на божиќниот пазар во Стразбур.

Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.

Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.

Инцидентот се случува во моменти кога заседава Европскиот парламент, кој е во близина. (МИА)