понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Борис Џонсон за првпат се огласи по смртта на принцот Филип

Борис Џонсон за првпат се огласи по смртта на принцот Филип

Британскиот премиер Борис Џонсон денес му оддаде почит на принцот Филип за неговата поддршка за кралицата Елизабета, давајќи и љубов во текот на целиот нивни заеднички живот.

– Тој даде нешто што сите го знаеме во нашите срца, а тоа е постојана љубов кон Нејзиното височество кралицата … ја поддржуваше во текот на оваа исклучителна ера на Елизабета, за време на најдолгото владеење на кој било монарх во нашата историја, рече Џонсон обраќајќи се во Парламент, за првпат по смртта на војводата од Единбург.

Неговиот портпарол информира дека Џонсон ќе го гледа погребот на принцот Филип на телевизија поради ограничувањата воведени со цел спречување на коронавирусот, согласно кои на погребот можат да присуствуваат 30 луѓе.

Коронавирус