сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Борел и Столтенберг: ЕУ и НАТО ја засилуваат исклучителната соработка

Борел и Столтенберг: ЕУ и НАТО ја засилуваат исклучителната соработка

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го потврдија продолжувањето на партнерството и соработката меѓу Алијансата и Унијата за прашањата од заеднички интерес и безбедноста.

-НАТО е најсилната воена алијанса на светот и ќе остане заднички именител и темел за европската одбрана, изјави Борел. Тој на својот прв состанок во својство на шеф на ЕУ дипломатијата со генералниот секретар на НАТО нагласи дека двете страни ќе продолжат со засилување на соработката.

„Изградбата на заедничката европска одбрана не е елтарнатива  туку придонес во односите меѓу ЕУ и НАТО“, изјави Борел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му посака добредојде на Борел на новата функција и најави дека ќе продолжи да работи на политиката која подразбира меѓусебно дополнување, а не натпреварување меѓу ЕУ и НАТО.

-Безбедносните предизвици со кои се соочуваме премногу се комплексни за било која нација поединечно. Ни НАТО, ни ЕУ ги немаат сите потребни инструменти неопходни за безбедноста на нашите народи. Единствено заедно работејќи можеме многу да постигнеме, наведува Столтенберг.

Коронавирус