вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Борел: ЕУ не е способна да го сопре Израел

Борел: ЕУ не е способна да го сопре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, кажа синоќа дека Европската Унија не е способна да посредува во израелско-палестинскиот конфликт.

„Повикавме на прекин на судирите, но кој може да изврши притисок врз Израел? Само Соединетите Американски Држави. Веќе подолго време Европа не е способна за тоа“, изјави Борел во Мадрид каде на институтот Реал елсано зборуваше за својата нова книга „Европската надворешна политика во време на ковид-19“.

„Соединетите Држави единствени можат да стават крај на овој конфликт, нормално, ако тоа го сакаат“, напомена Борел, поранешниот шпански министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно ја оправда интервенцијата на Израел во која од понеделникот се убиени 103 Палестинци, од кои 27 деца. Истовремено во ракетирањето на Хамас од појасот Газа загинаа седум Израелци.

„Овој конфликт на Блискиот Исток не е ништо ново, но светот гледа на страна“, кажа Борел.

Израел ја одби надлежноста на Меѓународниот кривичен суд и одбива истрага на воените злосторства, но не го признава ни повикот на Обединетите нации да прекине со ширењето на окупацијата со изградба на дополнителни еврејски населби низ Палестина. Исфрлањето на Палестинците од нивната земја и куќи во источен Ерусалим минатиот петок предизвика нов бран протести.

ЕУРО 2020

Македонија