недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бомбашки напади во Багдад, 6 лица загинаа

Бомбашки напади во Багдад, 6 лица загинаа

Шест лица загинаа, а над 20 други се ранети синоќа при неколку напади во делови на ирачкиот главен град Багдад, во кои мнозинството од жителите се шиити.

Како што соопшти ирачката полиција, петмина од загинатите при нападите се цивили.

Одговорност за нападите презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД).

По воениот пораз што го доживеа на бојното поле при минатогодишната офанзива на ирачката армија, кога беше потисната од целата територија во Ирак што дотогаш ја контролираше, ИД продолжи со киднапирања и бомбашки напади во земјата.

МИА

Коронавирус