четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 138
home Вести

Бомбашки напад врз колона возила на ЕУ во Сомалија

Бомбашки напад врз колона возила на ЕУ во Сомалија

Едно возило е оштетено, кога автомобил бомба експлодира во сомалискиот главен град Могадишу, во момент кога крај неа минувале колона оклопни возила на ЕУ.

Според сомалиската полиција, при овој самоубиствен бомбашки напад нема човечки жртви.

Одговорност за нападот презеде сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

– Наш бомбаш самоубиец изврши напад со автомобил бомба врз службеници на силите на ЕУ. Подоцна ќе објавиме детали за жртвите, се наведува во соопштението на Ал Шабаб.

Групата често врши напади врз припадници на странските мисии и претставници во Сомалија. Ал Шабаб се залага за создавање на исламска држава врз шеријатското право на Рогот на Африка. (МИА)

Коронавирус