понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Болсонаро попушти, ја праќа војската да го гаси пожарот во амазонската прашума (ВИДЕО)

Болсонаро попушти, ја праќа војската да го гаси пожарот во амазонската прашума (ВИДЕО)

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро попушти пред притисокот на светската јавност и ја повика војската да го гасне пожарот што беснее низ Амазонија.

Стотици илјади хектари амазонска прашума изгореа ,а вкупно 73 000 пожари гореле во ,,белите дробови на светот” од почетокот на годинава.

Во одлуката на Болсонар се наведува дека трупите ќе бидат распоредени во природни резервати, територии на домородечкото население и на погранични области во регионот.

Оваа одлука е донесена по силниот притисок на европските лидери.

Болсонаро ги критикуваше реакциите на меѓународната заедница, велејќи дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за санкциите.

Франција и Ирска се заканија дека ќе го блокираат договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите на Меркозур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) доколку Бразил не ја заштити амазонската прашума.

Лидерите на Британија и Франција изразија голема загриженост во врска со пожарите во Амазон.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон го обвини Болсонаро за лажење зџа да ја ублажи загриженоста за климатските промени на самитот Г20 во јуни.

Макрон рече дека рекордниот број пожари во дождовните шуми во Амазон е „меѓународна криза“ што треба да биде на врвот на агендата на самитот Г7 во Франција овој викенд.

„Нашата куќа гори. Буквално. Шумите на Амазон, големите бели дробови кои произведуваат 20 проценти од кислородот на нашата планета – изгореа! Ова е меѓународна криза“, напиша Макрон на Твитер.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е „длабоко загрижен“ за пожарот и „неговото влијание врз трагичното губење на вредните живеалишта“ и дека ќе го искористи самитот Г7 овој викенд за повторно да се фокусира на заштитата на природата.

За многумина, овие пожари се намерно предизвикани, а сомнежот паѓа на земјоделците кои ги запалија пожарите за да создадат пасишта.

Болсонаро обезбеди поддршка за расчистување на делови од Амазонија за земјоделски цели, што беше остро критикувано од експерти и активисти кои велат дека неговата влада даде зелено светло за уништување на дождовните шуми во Амазон.