среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Болсонаро и Хадад одат во вториот круг од претседателските избори во Бразил

Болсонаро и Хадад одат во вториот круг од претседателските избори во Бразил

Десничарскиот кандидат за претседател на Бразил Жаир Болсонаро и неговиот противкандидат од левицата Фернандо Хадад одат во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за 28 октомври, соопшти Врховниот изборен трибунал.

Болсонаро, кој е пратеник во бразилскиот Парламент, освои 46,7 отсто од гласовите на вчерашниот прв круг од претседателските избори, а Хадад, поранешен градоначалник на Сао Пауло – 28,4 проценти, соопшти судија од Врховниот изборен трибунал, Роза Вебер.

Во Бразил вчера се одржаа претседателски, парламентарни и избори за гувернери. Право на глас на изборите на најголемата јужноамериканска економија имаат 147 милиони избирачи. Бразилците избираа претседател и потпретседател на државата, гувернери на сите 26 сојузни држави и федерални окрузи, пратеници во регионалните парламенти, две третини од Националниот конгрес и пратеници во Долниот дом на Парламентот.

Право на глас во државата со 210 милиони жители имаат сите над 16-годишна возраст. Гласањето е обврзно за сите од 18 до 69 години.

Инаугурацијата на новиот претседател ќе биде на 1 јануари 2019 година.

Во периодот 2002-2012 година Бразил беше најбрзо растечка економија во светот, но рецесијата ја погоди државата во 2014 година и оттогаш економскиот раст стагнира.

Коронавирус