среда, 5. август 2020. Вести денес: 180
home Вести

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Бразилскиот пртеседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со коронавирусот, изјави дека се чувствува многу добро и порача дека ќе се врати на работа доколку неговиот денешен тест за коронавирусот биде негативен.

Болсонаро истакна дека ќе биде во изолација се додека не се излекува од вирусот, пренесуваат британските медиуми.

За Си-Ен-Ен Бразил тој кажа дека не чувствувал краток здив, ниту го загубил чувството за вкус.

-Јас сум многу добар. За утре е закажан нов тест, но не знам дали е потврдено. И, ако се оди добро, ќе се вратам на работа. Инаку, ќе почекам уште неколку дена, рече Болсонаро вчера.

Болсонаро на тестирањето во вторникот, минатата недела, излезе позитивен за присуството на коронавирус во неговото тело.

Коронавирус