сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 92
home Вести

Боко Харам објави ново видео на киднапираните ученички во Нигерија

Боко Харам објави ново видео на киднапираните ученички во Нигерија

Не е јасно кога или каде е снимена последната видео порака и дали девојките кои се појавуваат пред камерата биле натерани на сила да го сторат тоа.

Исламистичката милитантна група Боко Харам денеска објавија видео во кое се појавуваат најмалку 14 од ученичките, кои беа киднапирани во североисточниот нигериски град Чибок во април 2014 година.

Како што јави АФП, најмалку три од девојчињата во рацете држата бебиња.

– Ние сме девојките од Чибок… Со благоста на Алах, нема да се вратиме кај вас, вели во видеото една од ученичките.

Видеото, кое трае 20 минути, е прво по мај минатата година кога се појкави снимка од една девојка, која тврдеше дека е една од 219-те ученички, носеше пиштол и изјави дека одбива да се врати кај родителите.

Не е јасно кога или каде е снимена последната видео порака и дали девојките кои се појавуваат пред камерата биле натерани на сила да го сторат тоа.

Девојката која е со покриено лице со превез вели дека сите ученички се во брак со лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау.

– Живееме во комфор. Тој ни дава се. Ние немаме ништо, додава таа.

Шекау исто така се појавува во видеото, пукајќи од тежок митралез и држејќи проповед од 13 минути.

Џихадистите на 14 април 2014 година од хрисијанско средно училиште во главниот град на сојузната држава Борном киднапираа 276 ученички. Педесет и девет од нив успеаја да побегаат во наредните часови.

Досега се пронајдени, спасени или ослободени 107 од киднапираните девојки.

На 4 јануари, нигериската армија соопшти дека спасила еден соученик на девојките во регионот Пулка во близина на границата со Камерун.

Илјадници девојки и момчиња се киднапирани од Чибок од почетокот на конфликтот во 2009 година, во кој загинаа најмалку 20.000 луѓе, а над 2,6 милиони ги напуштија своите домови.

Коронавирус