среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

„Боинг“ го прекинува производството на авионите „737-Макс“

„Боинг“ го прекинува производството на авионите „737-Макс“

Американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) и порача на компанијата „Боинг“ дека нејзините приземјени авиони „737-Макс“ нема наскоро да добијат одобрение за повторно летање.

По ова аодлука компанијата немаше друг избор освен да ја затвори големата фабрика во која го прави овој голем авион. „Боинг“ вчера најави дека од јануари ќе го прекине производството на моделот „Макс“, без најава дека повторно ќе проработи фабриката во Рентон, во сојузната држава Вашингтон.

Компанијата соопшти дека во овој момент нема да отпушти ниту еден од 12.000-те работници во оваа фабрика, а многумина би можеле да бидат преупатени во другите фабрики во регионот на Сиетл. Некои ќе можат да останат да ги завршат 400-те млазни авиони од тој тип што „Боинг“ ги гради откако во март беше приземјен моделот „Макс“, но не можеше да ги испорачаат.

-Одлуката на комапнијата „Боинг“ е признание дека ќе биде потребно повеќе време отколку што се очекуваше за авионите повторно да полетаат, изјави Ричард Абулафиа, аналитичар на авионската индустрија „Тил груп’.

„Макс“ е најважниот модел на „Боинг“, а ниту еден во светот не лета од март годинава по падот на три вакви авиони во Индонезија и Етиопија, во кои погинаа вкупно 346 лица.

Коронавирус