среда, 28. јули 2021. Вести денес: 117
home Вести

Боинг го повлекува „777“

Боинг го повлекува „777“

Американската федерална администрација за воздушен сообраќај издаде предупредување на авионите од типот „Боинг 777“.

До ова дојде по откажување на моторот на авион од компанијата „Јунајтед“ над Денвер во Колорадо. Воедно дадена е наредба за итна инспекција на овие летала.

Ројтерс наведува дека началникот на ФФА, Стив Диксон соопштил дека директивата се однесува на авиони опремени со мотори Pratt Whitney PW 4000 и најавил дека по истрагата некои авиони од ќе бидат повлечени од употреба. Истата препорака издаде и компанијата „Боинг“, а во Јапонија е суспендирано користењето на овој тип авиони до следна наредба.

Компанијата „Јунајтед“ соопшти дека во наредните денови доброволно ќе ја суспендира употребата на свои 24 вакви авиони.

Од „Боинг“ соопштуваат дека од 69 авиони со вакви мотори, 59 се приземјени во хангарите.

Коронавирус